План за дигитално портфолио
План за дигитално портфолио (ПДП) е софтвер за онлајн менаџирање со проектните активности и буџет на проекти финансирани од грантови програми (пр. Европска Унија, USAID, ФИТР, IME, Civica Mobilitas и сл.).
Може да се користи преку кој било пребарувач (Chrome, Opera, Firefox и сл.) на компјутер или мобилен уред со интернет конекција.
За разлика од другите алатки за проектен менаџмент, ПДП овозможува едноставно и прецизно реализирање и контрола на проектните активности и задачи, дигитализација на проектна документација, но и управување и распределба на буџетот, евиденција на трошоци и нивно поврзување со соодветна документација.
ПДП овозможува заедничка работа на проектниот тим и партнери на далечина преку контролирано споделување на проектот и проектната документација.
ПДП е наменет за користење од граѓански здруженија, независни консултанти, приватни фирми, општини, образовни институции и останати субјекти кои работат на проекти.

ИКТ решението е развиено во рамки на проектот кофинансисран преку инструментот на Фондот за иновации и технолошки развој за ко-финансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф