Учество на Самитот Македонија 2025
Извршната Директорка на Елевејт Проект Скопје, беше дел од овогодинешниот Самит на Македонија 2025 кој се одржа на 16.05.2024г.
Главна цел на Самитот Македонија 2025 е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст. Имаше можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.
Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот се дискутираше и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа.
Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе беа дел од темите на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите и стратегиите за брз и успешна трансформација.
